Подготовка:

1. Брашното и какаото, просеани, ги додаваме во подлабок сад. Додаваме шеќер и путер исечен на мали парчиња. Го втриваме путерот. Додаваме млеко, лажица по лажица, додека да оформиме тесто. Тестото завиткано во најлонска фолија го оставаме во фрижидер најмалку 30 минути.
2. Го вадиме тестото, го набрашнуваме и го расукуваме во тенка кора врз хартија за печење. Го премачкуваме средишниот дел со крем од бадеми. Ги редиме претходно исечените праски. Ги завиткуваме рабовите од тестото навнатре и го оставме средишниот дел од галетата отворен. Ги поросуваме праските со шеќер. По желба редиме бадеми во лист врз тестото.
3. Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 35 минути.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани