Чоко брауни кои ги снема за час, одлични се. Брзо и лесно се прават.

1. Овесните снегулки ги блендираме ситно како брашно.
2. Во длабок сад ги ставаме кокосовото масло, медот, какаото и аромата од ванила. Со жица за матење мешаме да се соединат состојките. Во смесата ги додаваме јајцата, со жицата матиме да се добие хомогена смеса.
3. Во течната смеса ги додаваме овесните снегулки сомелени како брашно и пецивото, промешуваме. Го додаваме и сецканото темно чоколадо, промешуваме. Смесата ја ставаме во тава обложена со хартија за печење со димензии 20х20. Печеме во загреана рерна на 180 степени 15 минути. Оставаме да се излади и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани