На странава имам објавено десетици рецепти за фритули, убави секој рецепт за себе.
Но.....овие едноставно се волшебни.
Мнооогу поразлични по структура од претходните.
Однадвор се по малку крцкави, а внатрешноста како да им е исполнета со најубав чоколаден крем.
Лесни се како пердув, прозрачни, кревки...
Едноставно овие се најголемиот фаворит до сега, за мене.

Во касерола на умерен оган ги ставаме да се соединат, млекото, водата, какаото, шеќерот, путерот и некое зрно сол.
Во еден сад ги соединуваме сода бикарбона и брашното.
Од кога по малку ќе почне смесата да врие го додаваме и црното чоколадо, па за некоја секунда ги додаваме брашното и содата.
Мешаме постојано на тивок оган за да сите состојки се изедначат и се формира топка.
Вака подготвено го оставаме тестото да се излади, да биде сосем малку млако.
Постепено едно по едно ги додаваме јајцата и при тоа матиме со миксер.
Може кога ќе почниме да го подготвуваме тестото, на друга рингла во касерола да ставиме масло да се загрева на тивок оган.
Од готовата смеса со помош на 2 лажички земаме фритули и ги спуштаме во маслото.
Никако не смее маслото да е врело, туку умерено топло.
Спуштените фритули ги пржиме одприлика по 3-4 минути, но цело време со помош на вилушка ги превртуваме.
Не смее средината да остане не испржена.
Готови се кога ќе ги ставиме на вилушката да ги извадиме, да бидат лесни како пердуф.
Ги редиме на хартиени салфети и покрај тоа што не се мрсни.
Ги посипуваме со шеќер во прав или ги декорираме со растопено чоколадо.
Уживамееееее.......

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани