Чоколадни пралини со крем (посно)
Прво се растопува чоколадото со маслото и се премачкуваат со четче силиконските калапи.
Нека се стегни и постапката се повторува уште еднаш.
Водата и шеќерот се ставаат на оган да провријат една минута.
Се трга од оган и во топлата смеса се става маргаринот.
Се меша да се растопи.
Се додава брашното, убаво се меша да нема грутчиња и сето заедно се вари на тивок оган 3- 4 минути.Нека се згусни.
Добиената смеса може да се подели на 2-3 дела.
Во едниот ставив екстракт од јагода, во другиот рум, чоколадо
Чоколадираните силиконски калапи се полнат со смесата, се затвораат со растопено чоколадо и се оставаат да се стегнат.
Внимателно се вадат и се сервираат.
Лиценца: Сите права се задржани
Одлични за овај посен периот =)