Чоколадни обланди со бискивити и суво грозје
Знам овие денови сите сме зафатени во подготовка на зимница но ајде да се освежиме со малку благичко.
Го подготвуваме филот.
Во сад на пареа ги ставаме јајцата и шеќерот додека не станат густи, го додаваме путерот и чоколадото и мешаме додека не добиеме структура слична на пудинг.
Тргнете на страна, додајте го румот, сувото грозје и сецканите бисквити.
Ја мачкаме едната страна од обландата и поклопуваме со другиот лист.
Стегнете силно и поклопете врз нив потежок предмет, јас ставам дрвена даска за сечење, и ставете во фрижидер да се стегне надобро е преку ноќ.
Наредниот ден, на пареа стопете ја чоколадата со масло, изладената обланда ја сечеме во форма на триаголник, ја валаме во стопената чоколада и декорираме со кокос и сечкан орев
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови