Испечати

Чоколадни обланди со бискивити и суво грозје

Чоколадни обланди со бискивити и суво грозје

Состојки

  • 2 листа обланди
  • 200гр шеќер во прав
  • 200гр путер или маргарин
  • 80гр темно чоколадо за готвење
  • 80гр суво грозје
  • 3 јајца
  • 2лаж рум (дополнително)
  • 200гр дробени бисквити
  • за декорација темно чоколадо, масло, кокос, сецкани јатки

Подготовка

Знам овие денови сите сме зафатени во подготовка на зимница но ајде да се освежиме со малку благичко.

Го подготвуваме филот.
Во сад на пареа ги ставаме јајцата и шеќерот додека не станат густи, го додаваме путерот и чоколадото и мешаме додека не добиеме структура слична на пудинг.
Тргнете на страна, додајте го румот, сувото грозје и сецканите бисквити.

Ја мачкаме едната страна од обландата и поклопуваме со другиот лист.

Стегнете силно и поклопете врз нив потежок предмет, јас ставам дрвена даска за сечење, и ставете во фрижидер да се стегне надобро е преку ноќ.

Наредниот ден, на пареа стопете ја чоколадата со масло, изладената обланда ја сечеме во форма на триаголник, ја валаме во стопената чоколада и декорираме со кокос и сечкан орев