Најпрво се приготвува филот за да има време да се подизлади.
Водата и шеќерот зовријте ги 15на секунди и тргнете на страна.
Додајте ги мелените ореви и убаво измешајте.
Од смесата одделете една лажица на страна.

Хартиените корпиња убаво премачкајте ги со стопеното чоколадо и масло.
Секое премачкано хартиено корпе ставајте го го фрижидер да се здрви.
Доколку сметате дека не е целосно или доволно премачкајте уште еднаш со тенок слој, така што ќе додадете уште малку масло во преостанатото чоколадо.

Лажичето фил кое сме го тргнале на страна се меси со уште малку мелен орев за да дојди поцврста смесата. Се кинат мали парченца и се прават ваљаци кои ги виткаме како потковица и ги оставаме да се исушат.

Хартиените корпиња внимателно ја одделуваме од чоколадираниот дел.

Со помош на чепкалка или стапче за разжничи правиме место за дршките и ги забодуваме во орев смесата во корпињата.

Откако сме ги наредиле рачките, по желба ги боиме со чоколадо, а корпињата ги дополнуваме со разнобојни ситно сечкани желе бомбони.

Пост Скриптум
Ќе ги мачкаш, и умот ни во нив, ни во грчот на ногата што стегнал... поделен, разделен.. секаде и никаде... и на крај, ќе добиеш уникатни кошнички, сите различни по форма, изглед и понашање : )

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови