5
мар
2016
Чоколадни коцки со ореви
Оревите исецкајте ги на крупни парчиња.
Сомелете ги бисквитите.
На пареа растопете го чоколадото заедно со путерот.
Откако ќе се растопат чоколадото и путерот додајте ги во садот со оревите и бисквитите и убаво измешајте.
Доколку смесата ви е сува додајте млеко.
Распоредете ја смесата во правоаголен силиконски калап(или обичен калап кој ќе го обложите со хартија за печење).
Оставете да отстои во фрижидер неколку часа, а потоа исечете на коцки.
Лиценца: Сите права се задржани