29
мар
2012
Чоколадни корали
За подобар вкус претходно потпечете ги лешниците, па исечкајте ги покрупно, а сувото овошје на поситни парченца. Маргаринот и чоколадото за готвење ставете ги во сад на тивок оган и растопете ги па тргнете го садот од оган и додадете ги лешниците и сувото овошје. Со мало лажиче земајте од смесата и ставајте на плех обложен со хартија за печење и оставете да се олади и стврднат колачите.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови