Подготовка:

1. Во еден сад ги ставаме јајцата, ванилата и кафениот шеќер и матиме со миксер 1-2 минути.
2. Во друг сад ги соединуваме пецивото, просеаното какао и брашното.
3. Во садот со изматени јајца ги додаваме млекото, јогуртот, маслото. Лесно соединуваме, па ги додаваме сувите состојки. Ја додаваме и сувата брусница. Убаво ја изедначуваме смесата.
4. Го загреваме апаратот за вафли. Ставаме од прилика по 2 полни лажици и оставме да се печат по неколку минути. Ги вадиме на решетка да се изладат.

По желба ги сервираме со топки сладолед од шумско овошје.
Доколку се за носење, за ужинка, се конзумирааат со чоколадно млеко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани