Испечати

Чоколадни вафли со брусница

Состојки

  • 4 јајца
  • 6лажици кафен шеќер
  • 180мл јогурт
  • 150мл масло
  • 6 лажици млеко
  • 1 ванила
  • 1 пециво
  • 1 лажица полна какао
  • 19-20 лажици брашно
  • топки сладолед од шумско овошје, за послужување
  • 1 рака сува брусница

Подготовка

Подготовка:

1. Во еден сад ги ставаме јајцата, ванилата и кафениот шеќер и матиме со миксер 1-2 минути.
2. Во друг сад ги соединуваме пецивото, просеаното какао и брашното.
3. Во садот со изматени јајца ги додаваме млекото, јогуртот, маслото. Лесно соединуваме, па ги додаваме сувите состојки. Ја додаваме и сувата брусница. Убаво ја изедначуваме смесата.
4. Го загреваме апаратот за вафли. Ставаме од прилика по 2 полни лажици и оставме да се печат по неколку минути. Ги вадиме на решетка да се изладат.

По желба ги сервираме со топки сладолед од шумско овошје.
Доколку се за носење, за ужинка, се конзумирааат со чоколадно млеко.