
Чоколадна шарлота
На пареа се топи чоколадо со млекото и маргаринот. Белките се матат со половина шекер а слатката павлака со другата половина шекер а потоа се мешаат заедно а им се додава и растопеното чоколадо. Тенџере или друг длабок сад се постила со проѕирна фолија и се редат пишкотите предходно натопени со рум. Јас овој пат рецептот го направив со готов ролат. Го исечив на парчиња дебели околу 1 см и ги наредив на дното и страните на садот. Потоа се полни со приготвениот фил. Вака приготвената смеса се остава да се стегне неколку часа во фрижидер. Во меѓувреме го правиме филот со белиот крем фил и изладено млеко. Ја вадиме шарлотата од фрижидер и ја филуваме и декорираме по желба
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови