Чоколадна торта со пудинг и чоколаден крем
1. Се прави прво едната кора и од неа се сечат три кори.Ова е за првата торта. За втората (по ваша желба дали ќе биде на два ката)-горната торта исто се прави кора од 6 јајца и таа се сечи на три дела. Значи, ако се два ката вкупно одат 12 јајца
2. Се матат прво белтоците заедно со постепено додавање на шеќерот. Потоа се додаваат жолчките, па водата топла, во брашното измешано какаото и пецивото .....Се става во подмачкано плехче бр 25.Се печи на 180С-25мин.Кога ќе олади се сечат на 4 дела или на три како сакате.
3. Фил- Се вари пудингот во млекото заедно со нишестето и шеќерот.Додека е врело се додава чокоалдото.Се остава да олади.Посебно се мати путерот и се додава еурокремот.По желба може да се додаде лешници ореви...или ништо и вака е вкусна.
4. Се филуваат корите. На првата торта се боцкаат стапчиња од ражничиња 4 во средината за горната торта да не пропадне да биде стабилна. Се украсува со фондан. На здравје
Лиценца: Сите права се задржани
Ubava e tortava
No na fb Stranata na Mr stoi drug recept, onoj vtoriot, od rubrikata moze da Ve intetesira