Чоколадна торта со ореви
Прекрасна чоколадна торта со ореви која потсеќа на оној старински вкус на тортите од нашите мајки, а и не е случајно што рецептов ми е од мојата мајка.
Изматете ги јајцата со шеќерот пенесто.
Додадете го маслото и млекото.
Настрана измешајте ги брашното, пецивото и какаото и просеани постепено додадете ги кон изматените јајца мешајќи со дрвена лажица или со спатула.
Истурете ја смесата во обложен плех (30 на 40 цм) и печете 15-20 мин на 180 степени.
Направете уште една ваква иста кора. Двете кори сечете ги на половина.
За фил
Загрејте го млекото со шеќерот и внатре додадете ги путерот и чоколадото да се растопат. Кога сите состојки ќе се соединат, додадете ги мелените бисквити и ореви. Измешајте убаво и оставете го филот убаво да се олади и да се стегни.
Потоа филувајте ред кора, ред фил и на крај премачкајте ја целата торта со филот.
Загрејте ја павлаката со чоколадото додека не се изедначи смесата и нанесете ја глазурата одозгора врз тортата.
Оставете убаво да се излади. Најдобро е да се послужи наредниот ден.
Се добива доста голема и висока торта, на сликите може да видите само 1 четвртина од тортата, другите делови ги замрзнав веднаш.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови