Подготовка;

1.Во сад на оган додајте топло кафе, шеќер, чоколадо, путер и какао и мешајте со лажица,додека не се растопат. потоа отстранете го садот од оганот.
2. Искршете ги бисквитите и додајте ги во сад заедно со сецканите ореви. Во садот со бисквитите додајте ја смесата од кафе и путер и размешајте.
3. Смесата префрлете ја во калап за торта, со дијаметар од 22 см, обложен со хартија за печење и со помош на лажица измазнете ја на површината. Тортата ставете ја да се лади во фрижидер околу 3 часа.
4. Во меѓувреме спремајте го ганашот од чоколадо. Во сад на оган додадете ја слатката павлака и кога ќе зоврие отстранете ја од оганот и додајте им го ситно сечканото чоколадо. Матете со жица за матење додека смесата не стане хомогена.
5. Кога ганашот ке биде оладен додајте го врз веќе оладената торта. Можете да оставите еден дел од ганашот и кога ќе биде оладен да го изматете со мисксер, а со помош на готварски шприц да ја декорирате тортата.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани