Чоколадна торта (роденденска)
Пред точно 11 години го добив најубавиот роденденски подарок, тогаш се роди мојата прва среќа, мојата ќерка, со која „заедно„ славиме роденден, бидејќи јас поточно сум родена во престапна година - на 29 февруари. Ова е нашата роденденска торта Ч)
1. Подготовка на пандишпанот со урми- Ги матиме белките со постепено додавање на шеќерот, до згуснување. Потоа ги додаваме сите останати состојки, претходно измешани со цел да се одлепат урмите една од друга. Смесата ја истураме врз хартија за печење. Печеме на 180 степени - околу 30 минути. (проверете со чечкалица) Истата постапка ја повторуваме уште еднаш.
2. Подготовка на пандишпанот со сецкани ореви - Ги матиме белките со постепено додавање на шеќерот, до згуснување. Потоа ги додаваме претходно соединети мелените ореви, лебните трошки, брашното и пецивото. Врз хартијата за печење рамномерно ги распоредуваме сецканите ореви. Врз нив рамномерно ја распоредуваме смесата за пандишпан. Печеме во загреана рерна на 180 степени - околу 20 минути. (проверете со чечкалица). Врз топлиот пандишпан го премачкуваме еурокремот врз страната со сецкани ореви.
3. Подготовка на црн чоколаден фил - Жолчките ги матиме на пареа со постепено додавање на шеќерот до згуснување. Го додаваме и чоколадото, мешаме да се стопи. Нека истине оваа смеса, па ја соединуваме со миксиран маргарин (путер) на собна температура. Истата постапка ја повторуваме уште еднаш.
4. Подготовка на бел чоколаден фил - Жолчките ги матиме на пареа со постепено додавање на шеќерот до згуснување. Го додаваме и чоколадото, мешаме да се стопи. Нека истине оваа смеса, па ја соединуваме со миксиран маргарин (путер) на собна температура. Го додаваме и еурокремот и мелените ореви.
5. Подготовка на ганаж фил - Ја загреваме слатката павлака (без да зоврие), па го додаваме чоколадото, мешаме да се стопи. Оставаме да се излади на собна температура неколку часа, па во фрижидер. Откако е изладен ганажот, го миксираме до добивање на убава кремаста структура. Постапката е иста и за белиот и за црниот ганаж фил.
6. Редење на тортата - Пандишпан со урми, бел ганаж фил, едниот дел од црниот чоколаден фил.
Пандишпан со сецкани ореви и еурокрем, црн ганаж фил, бел чоколаден фил со ореви.
Пандишпан со урми, па премачкуваме само со другиот дел од црниот чоколаден фил.
Декорацијата е направена со миксирање на слатката павлака до згуснување, ја делиме на два дела. Едниот останува бел, во другиот додаваме розева прехрамбена боја.
Лиценца: Сите права се задржани
A presek top
Srecen rodenden i na dvete