Почнуваме со пандишпанот.
Јајцата ги матиме со шеќерот да станат пенести, потоа го додаваме маслото повторно мешаме. Брашното и пецивото ги промешуваме заедно и ги додаваме во смесата и промешуваме со лажица. Печеме во плех бр.30 додека добие боја.
Започнуваме со филот. Млекото и шеќерот ги ставаме во сад на оган да се замлачи и го додаваме гризот да проврие 5 минути и тргаме настрана и го додаваме желатинот (претходно потопен во малку вода да набабри). Додека се лади смесата маргаринот и шеќерот во прав го матиме и ја додаваме смесата од тенџерето и повторно промешуваме.
Оладената кора ја сечеме на средина да добиеме два дела. Едниот дел го враќаме го плехот и врз неа го ставаме целиот фил (филот е течен, но кога ќе постои во фриждер се стегнува) и врз него ја ставаме другата половина.
Тортата ја ставаме во фрижидер додека ја направиме глазурата.
Чоколадото, маргаринот и млекото ги ставаме во сад на оган да се стопи и ја преливаме целата торта.
Послужваме кога ќе се олади.
Добар апетит !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови