Чоколаден десерт со наполитанки
Подготовка:
1. Растопете 1/3 од темното чоколадо и ставете го во чинија. Наполитанките, потопете ги од едната страна во чоколадото и редете ги една до друга, за да се залепат. Редете ги во тавче на мрсна хартија за да можат подоцна полесно да се извадат.
2. Останатите наполитанки (треба да ви остане 1/3) искршете ги ситно и ставете ги во длабок сад. Во нив додадете крупно исецкани лешници, чоколадниот крем и 1/3 од темното чоколадо стопено.
3. Убаво измешајте, поделете го на два дела и ставете го мали длабоки тањирчиња, обложени со стреч фолија. По желба во средината може да ставите по едно чоколадно бонбонче (пралине) исполнето со чоколаден фил. Ставете ги тањирчињата во фрижидер 30 мин, да се стегне смесата.
4. Откако ќе се изладат извадете ги од фолијата и ставете ги врз претходно подготвените наполитанки. Посипете ги со стопено темно чоколадо и оставете да се стегне. Декорирајте со стопено бело чоколадо и уживајте во вкусот.
На здравје и гответе со љубов!❤❤
Лиценца: Сите права се задржани