Чиста петка (Пандишпан за ролат)
Баш чиста ПЕТКА. Додуша јас си го крстив чиста петка. Немаше име кога ми ги напиша другарка ми Оли низ муабет на интернет.
Полесно за памтење не може да биде.
Петте јајца на собна температура убаво се матат со петте лажици шеќер, да згусне и да нарасне. Се трга миксерот и се додаваат петте лажици брашно, но се мешаат со лажица, не со миксер. Кога убаво ќе се соедини смесата се сипа во плехче обложено со хартија за печење и се пече 5 мин на 250 степени во загреана рерна.
Да постоеше температура 500, гарарант ќе се печеше на 500 степени 5 секунди =))
Нема потреба да се мота во влажна крпа по печењето. Само се остава да се олади, се премачкува со фил по желба и се мота во ролат.
Јас го печев во РОСТЕРОТ НА ДЕЛИМАНО и супер беше. Не го ни премачкав, не се залепи, а и големината беше супер.
Го филував со смесата за Чоко цимет стапчиња на Љиља, ама искрена да бидам, требаше помалку да ставам. Осет да се немало кога е благо во прашање =))
Требаше само еден убав тенок слој да намачкам и супер ќе беше.
Не ми текна кога го спремав, можев и да го декорирам како декоративните ролати на Клара и Љиља, ама има и следен пат. Доаѓаат гости, ќе експериментирам на нив како и секогаш =))
Ете така. Чиста петка ми е новата љубов.
Лиценца: Сите права се задржани