Чизкејк со праски и фил од урда
Рецептот за овој десерт го добив од една моја колешка, која ми донесе едно парче на работа да го пробам овој чизкејк. Веднаш и побарав рецепт и го направив. Навистина е многу вкусен. Следен пат ќе го правам со вишни.
Бисквитите се ставаат во длабок сад и се става циметот. Се става млеко. Не треба да бидат повеќе од 10 лажици, но може и помалку. Треба смесата да биде како песок. Потоа, се прелева со расопениот путер. Се замесува тесто. Тестото не треба да биде многу влажно, туку да може да се згмечи со рака. Се става во тркалезен сад и убаво се распоредува тестото.
Филот се прави така што се мати слатката павлака додека да се згусне. Се додава не солена урда во слатката павлака, се става шеќерот и се додава едно ќесиче ванила. На крај, се додава една лента расопен желатин. Сето се меша и се реди врз тестото со бисквити.
Филот со овошје се прави така што во водата се варат двата пудинзи, се додава шеќер. Се исклучува од рингла и се додава претходно исечканото овошје. Сето се меша и се прелева врз филот и целата торта. Вака спремена, се става во фрижидер да се олади, најубаво преку ноќ.
Лиценца: Сите права се задржани
еден мал совет/препорака ... поголема количина на урда,а помалку слатка павлака, понагласен е вкусот на сирењето и дури нема ни потреба од желатин :)