Чизкејк со желе од капини
Подготовка:
1. Во сад ги соединуваме мелените орео кекси со путерот. Ги нанесуваме во калап со обрач бр 20.
Израмнуваме.
2. Во сад го ставаме желатинот со вода да набабри.
3. Во тенџере се ставаат капините, водата и шеќерот. Оставаме на тивок оган да врие 4,5 минути. Потоа ги цедиме низ цедалка. Додека е жешко го додаваме и желатинот да се растопи. Оставаме на страна.
4. Во вангличка ги матиме шлаг пената со млекото. На страна го матиме маскарпонето, па го соединуваме со изматениот шлаг. Го додаваме набабрениот, па растопен желатин.
5. Половина од смесата нанесуваме врз основата. Оставаме во фрижидер на 30 минути да стегни. Во остатокот го додаваме растопеното чоколадо. Од кога е стегнат белиот дел го додаваме чоколадниот дел Израмнуваме и оставаме во фрижидер 30 минути да се стегни. Врз него го нанесуваме желето од капини. Оставаме во фрижидер да се излади околу 3 часа тортата. Внимателно го отстрануваме обрачот.
Сервираме и послужуваме.
Среќни празници на сите
Лиценца: Сите права се задржани