Бананата, млекото и ванилиниот шеќер се миксираат со електрична пасирка.
Му се додава чиата и се остава во фрижидер еден час.

Боровинките со овошниот јогурт и шеќерот се пасираат.
Се вади садот со банана и чиа од фрижидер и се истура во поголема чаша.
Одозгора се истура миксот од боровинки.

Бидејќи тој е поредок од оној со бананата ќе го има малку на површината и во средината.
Земаме цевка и мешаме од внатре кон ѕидовите и правиме лилави линии.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани