Чиа смути со банана и боровинки
Состојки
- банана дел
- 1 банана
- 100 мл млеко
- 1 пакетче ванилин шеќер
- 1 лажица чиа Натура
- боровинка дел
- 50 гр боровинки
- 150 мл овошен јогурт од шумско овошје (или друго црвено)
- 1/4 лажиче
- малку портокал/ѓумбир шеќер
Подготовка
Бананата, млекото и ванилиниот шеќер се миксираат со електрична пасирка.
Му се додава чиата и се остава во фрижидер еден час.
Боровинките со овошниот јогурт и шеќерот се пасираат.
Се вади садот со банана и чиа од фрижидер и се истура во поголема чаша.
Одозгора се истура миксот од боровинки.
Бидејќи тој е поредок од оној со бананата ќе го има малку на површината и во
средината.
Земаме цевка и мешаме од внатре кон ѕидовите и правиме лилави линии.