После 3 години пазење, корона дојде сама кај мене дома и се заразив без логички да знам од каде.
Доктор вели, ок е, не се плаши, ти требаат витамини и моја препорака е тие да ги примаш со многу овошје и зеленчук, а не со фармација.
Среќа што не е страшно. И кога не е страшно, сепак е ужасно без осетот за мирис. Ми се чини дека пола животни функции ми се онеспособија со неговото губење.
И ете ја Клара реши да се витаминизира иако без осетот за мирис, барем окото да се радува кога ја конзумира оваа чаша полна витаминчиња.

Подготовка
1. Јас користев готово купено пире од јаболка на кое додадов само чиа семе. Но, заменски и повитамински е да се изблендираат јаболката и да се додаде засладувачот, лимонот и на крај чиата.
Оваа смеса се сипува до половина во 2 чаши.

2. Потоа ги блендираме кивите, па ги додаваме останатите состојки на сличен начин и таа смеса ја истураме врз претходната.

3. Оставаме барем половина час во фрижидер пред конзумирање.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови