
26
апр
2017
Црн чај со млеко
Познатиот пијалок милк ти кој насекаде во светот се пие со разни додатоци.
Мојот рецепт е едноставен со можност секој сам да си е креативен.
Се вари вода, потоа зовриена се прелева на ливчињата црн чај. Ако користите кесичка чај истата постапка. Чајот не го држите повеќе од 5 минутки затоа што е јак. Секој по своја желба, ама од сопствено искуство црниот чај стои многу малку потопен во водата. Млекото се загрева малку и се додава на крај. Се засладува по желба.
Може да си додадете и суво грозје, гоџи бобинки.
Летно време може и со мраз. Пијалок кој се прави за 10 мин, а се ужива цел ден.
На здравје освежување.