29
јан
2016
Црвена паста со мелено месо
Брзински, вкусен ручек.
Додека се вари тестенината на вообичаен начин, се спрема сосот. На малку маслиново масло се пропржува ситно сецканиот праз. Се додава меленото месо, се пржи да му испари течноста, се зачинува, се додававаат сецканите пиперки, сосот од домати и нека крчка 7-8 минути. Процедената тестенина се прелива со топлиот сос и се украсува со кисела павлака.
Лиценца: Сите права се задржани