Црвена паста со мелено месо
Состојки
- 500гр шпагети
- сос
- 1/2 страк ситно сецкан праз
- 300гр мешано мелено месо
- 150мл доматен сос
- 1 црвена пиперка капија-печенна
- 2 лути печени пиперки
- мешавина италијански зачини, сол, бибер, зачин, маслиново масло
- павлака и сирење за надополнување
Подготовка
Брзински, вкусен ручек.
Додека се вари тестенината на вообичаен начин, се спрема сосот. На малку маслиново масло се пропржува ситно сецканиот праз. Се додава меленото месо, се пржи да му испари течноста, се зачинува, се додававаат сецканите пиперки, сосот од домати и нека крчка 7-8 минути. Процедената тестенина се прелива со топлиот сос и се украсува со кисела павлака.