Цимет - ролнички со јаболка
Ароматични и меки како душа или крцакви со мирис на цимет, печивата се идеални за послужување со кафе или чај .
1. Сите состојките за тесто ги промешуваме и месиме тесто и чекаме да стаса околу 30 минути.
2. Нараснатото тесто се сука со сукало во правоаголник со дебелина на 5 мм-1 см и се премачкува со 100 г стопен путер исе посипува со мешавина од цимет и шеќер.
3. Јаболката се лупат и се рендаат, па добро се цедат и се распоредуваат преку шеќерот и циметот . Тестото внимателно се витка во ролат, па се сече на парчиња дебели 2-3 см.
4. Соодветна тепсија се премачкува со преостанатиот путер и во неа се редат ролничките и се остава да нараснат околу 20 минути. Потоа се премачкуваат со путер и се печат во рерна загреана на 180 степени додека се зарумени.
5. Прелив. Путерот се растопува, па се соединува со шеќерот, ванилинот и млекото.
6. На топлите ролнички се нанесува приготвениот прелив.
Засладете се со печиво :)
Лиценца: Сите права се задржани