Квасецот го оставаме да надојди. Во брашното ги кршиме јајцата, го додаваме маслото, солта , шеќерот и квасецот. Се замесува со млеко, помеко. Кога убаво ќе се измеси се остава тестото да стаса. Потоа од тестото се зема мал дел и се прават сучки. Од секоја сучка се прави кифле како цветче. Кифличките одгоре се премачкуваат со жолчка и со сусам (по желба) и се печат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови