14
ное
2022
Цвекло салата
Домашно си е домашно.
Подготовка:
1. Прво главицата цвекло ја лупиме. Ја сечиме на парчиња, со димензии 1х1 или 2х2,на коцки.
Ставаме во тенџере, налеваме вода колку да ги покрие и од кога ќе зоврие, вариме 12,13 минути.
Не смее цвеклото да е преварено, туку да биде ал денте. Ја истураме водата и оставаме да се излади.
2. Во сад ги соединуваме состојките за дресинг. Ги прелеваме врз цвеклото, промешуваме и оставаме во пластичен сад. По потреба сервираме. Врз цвеклото може да се посипи сецкан магдонос и дробено фета сирење.
Лиценца: Сите права се задржани