Бидејќи цвеклото дома сите го сакаме покрцкаво, за зимскиот период го приготвувам на овој начин, без варење.
Цвеклото убаво се мие, се лупи, се сече на тенки коцки и се става во тегли. Во секоја тегла се става, сол, шеќер и оцет. Се дополнува со вода.
Теглите убаво се затвораат, и јас ги ставам во големо тенџере завиткани со крпи или весник, да провријат 10-15 минути. Така ми е најпрактично, бидејќи секогаш правам мала доза.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови