Сувите пиперки обарете ги околу 15 минути за да омекнат за да може лесно да се излупат. Наутот ако не варен најдобро е да се покисне и да одстои така преку вечер, а потоа додадете малку сода бикарбона која помага лесно да се развари и варете го околу 30тина минути. (кога немам време јас користам наут од тегличка или конзерва, веќе обарен)
Сега сите состојки обарените пиперки, обарениот наут, излупеното авокадо исечено на коцки, таанот, лукот, сокот од лимон, маслиновото масло, сол и чили, се заедно ставете во блендер и блендирајте додека не добиете хомогена смеса. Иако оригиналниот рецепт за хумус не содржи авокадо, јас го додавам за да биде покремаст и мазен самиот намаз, по желба не мора да го ставате.
Хумусот во секоја варијанта мене ми е неизбежен и омилен намаз и речиси секогаш го имам на располагање.
Се надевам на љубителите на хумус ќе им се допадне и оваа варијанта.
Добар апетит....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови