1. Се пржи кромидот кој е претходно исечкан заедно со пиперката. Потоа се додаваат исечканите домати заедно со филетите и се варат 10 мин. Сето ова се блендира во хомогена смеса.
2. На страна се запржува месото и во него се додава блендираната смеса.
3. Во друго тавче се пржат исечканите печурки и исечканата тиквица. Се става сол, бибер и црвена пипер.
4. Бешамел сос. Во длабоко тенџере се става путерот и брашното. Се пржи 5 мин. Постепено се додава млекото и се вари во густ крем-сос.
5. Во округла тава Делимано се става масло и се редат тестенините за лазањи (не се варат). Врз нив се става дел од меленото месо и печурките со тиквицата. Се ренда кашкавал. Така се прави додека се потроши целата смеса. Најгоре се ренда кашкавал и се прелива со бешамел сос. Се остава да се впие и се печи на 200С 25мин. Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани