Вкусна и интересна пита со кори и сирење ќе ви претставам сега. Иако изгледа можеби дека е сложена за подготовка, напротив, само ви треба малку трпение, ама затоа од крајниот резултат ние сите бевме многу задоволни.

Подготовка
1. Со миксер ги матиме јајцата, па додаваме јогурт, пециво, масло и сол. Промешуваме убаво.
2. На секоја кора рендаме по малку сирење и ја виткаме како лепеза, со тоа што превиткувањето да ни биде на некои 2 до 2,5 см. Секоја кора ја редиме во тавче, да добие лик на хармоника.
3. Потоа со течниот фил постепено истураме помеѓу секоја превиткана мини кора, да ни се потроши цел фил, а сепак да имаме доволно за секое превиткано место од питата.
4. Наросуваме сусам и ја печеме во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.

Забелешка
Сите сме правеле лепеза од хартија, е па начинот на виткање е тој. Кога ќе ги редите корите превиткувањата не треба да бидат легнати туку исправени.
Не знам како сум испуштила да направам фотографија на редењето на питата во тавче...се извинувам, ама доколку сакате можете да го видите на видео запис, има слична ваква пита на интернет.
Внимавајте, од течниот фил мора да ставите помеѓу секоја превиткана коричка. Многу е важно, за да не ви излезе сув тој дел кој нема убаво да биде навлажнет. На пр. на мојата фотографија во крајниот десен лев агол нема доволно фил.
Можете да ја оставите и некоја минута, додека се загрева рерната корите да го впијат филот.
Тавчето каде ќе ја печете питата треба да ви биде точно колку што се долги корите, за поубав естетски изглед.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани