Фугас - француското лепче е со карактеристична форма на лист, мека внатрешност и крцкава кора. Она што во Италија е фокача тоа во Франција е фугас.
Од наведените состојаки се активира сувиот квасец, ќе се добие водеста смеса која се остава 2 часа да надојди.
Во меѓувреме се зачинуваат маслинките и се додава маслиновото масло, така се оставаат да се маринираат.
Состојките за тесто се ставаат во подлебок сад и се додава активен квасецот. Се меси со миксер зашто смесата е мека и леплива, доволни се 4 мин. Доколку се одлучите за мануелно месење, тогаш ова ќе ви биде најголемиот предизвик во подготовката на овој рецепт.
Месеното меко тесто се остава да надојди 1 час. Сега се става на работна површина и во средина се додаваат маслинките, се преклопува од лево, па од десно така да полесно и поубаво да се изедначи се' заедно.
Се дели на 2 дела и се образува триаголник. На страна на подготвен плех со хартија за печење се става секој дел со големина колку е плехот и со секач за пица се образуваат резови така да изгледа како лист. Со секој рез се прави -јаз- во самиот засек. Сукалка не се користи во ниеден момент на изработката.
Се загрева рерната на 240 и се печи 10-12 мин. Кога ќе се извади од рерна се премачкува со четче со малиново масло. Јас додадов и малку сол.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови