1. Пилешкиот џигер убаво измијте го и исушете го со салфетка. Одстранете ги белите кожички ако има. На 1 лажица путер кратко време пропржете го од двете страни, отприлика по 3-4 мин и извадете го на страна (ако го пресечете внатре треба да има розева боја)
2. Во истото тавче додадете го ситно сецканиот кромид и сецканите шампињони и пропржете ги додека не испари течноста која ја пуштаат печурките. Додадете го исцедениот вргањ (претходно да омекне околу ½ час во врела вода), гранчиња мајчина душичка, џигерот и пропржете уште 1-2 мин. Додадете го ликерот од портокал (јас ставив домашен) и пропржете уште 2-3 мин да испари алкохолот.
3. Тргнете го садот на страна и зачинете со сол и свежо мелен бибер.
4. Оставете го малку да се олади, тргнете ја мајчината душичка и потоа испасирајте ги сите состојки со рачен блендер. Додадете го остатокот од мекиот путер и повторно убаво изблендирајте за да добиете мазна смеса.
5. Ставете ја паштетата во порцелански или стаклен сад, покријте ја со прозирна фолија и оставете ја убаво да се олади во фрижидер (2-3ч).
6. Во лонче со вода додадете го желатинот, оставете да набабри, а потоа загрејте го за убаво да се растопи. Додадете го соја сосот.
7. Оладете малку, да не биде ептен жешко и внимателно со лажица прелејте ја паштетата. По вкус ако сакате претходно врз паштетата може да ставите парчиња ѕвездест анис, ливченца мајчина душичка и сл.
8. Вкусот на оваа паштета е навистина преубав. Ликерот од портокал е задолжителен и немојте да го изоставите бидејќи и дава прекрасен вкус на паштетата. Евентуално како замена би можело да се додаде друг алкохол (вињак, коњак, квалитетна домашна ракија) ароматизиран со цеден сок од портокал.
9. На здравје
.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови