1. Се ставаат водата и маслото на оган откако ќе зовријат се додава брашно со постојано матење. Смесата ќе стане густа, оставете ја да се излади. Во млаката смеса ставете две јајца и изматете, па потоа ако е прегусто ставете го и третото.
2. Загрејте ја рерната на 200 степени и со шприц на плех со хартија вадете еклери. Нека се печат 20-25 минути. Кога ќе се изладат се сечат на пола.
3. Нека се вари млекото со жолчки, шеќер и брашно, па мешајте да се згусне и тргнете од оган. Изматете слатка павлака и додајте ја во изладениот крем со миксер. Растопете чоколада и премачкајте ги филуваните еклери.

На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани