Бананата која претходно е исечкана на кругчиња и замрзната, ја ставаме во малата чаша од Нутрибулетот.
Ги додаваме останатите состојки, блендираме неколку секунди да се добие хомогена смеса, со густина како каша.
Претураме во мала чинија, распоредуваме од микс коктелот и уживаме во превкусниот десерт/ или може да биде и појадок.

Забелешка
* Поради блажината на бананата, не е потребно да се додава некаков засладувач.
* Видот на млекото е по избор, овој пат јас користев кравјо.
* За почоколадна варијанта, може да се додаде и какао.
* Може да се користат и друг вид на бисквити по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани