Тесто
1 Во длабок сад на пареа се става павлаката, медот, шеќерот и се меша со дрвена лажица
2. Кога шеќерот ќе се растопи се трга од оган
3. Се додава кандираниот ананас ситно насецкан
4. Во оваа смеса се додаваат бадемите, брашното и вишните и се меша се додека смесата не стане хомогена
5. На плех се става хартија за печење
6. Со помош на лажица се зема од тестото, се формираат топчиња и се ставаат во плехот
7. Се печат во рерна на 180 степени 10 до 15 минути
8. Откако ќе се оладат над секое колаче се става по една вишна, се прелеваат со топено чоколадо и се поросуваат со малку сецкани ореви или бадеми

Ако тестото ви е течно може да се додаде уште малку брашно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови