27
апр
2022
Урма бомбици
Здрави и вкусни бомбици.Се спремаат многу бргу, а ако сакате повеќе само зголемете ја дозата.
Подготовка:
1. Во длабок сад полијте ги урмите со топла вода и оставете ги да отстојат. Извадете им ја семката и така омекнати ставете ги во сецко. Додајте им лешници, таан и какао. Пуштете да се сецка, но контролирајте да бидат лешниците на покрупно сецкани, така се повкусни.
2. Кога смесата е соединета, вадете со лажиче и формирајте топчиња. Ако сакате валкајте во какао, јас ги оставив така како што се. Беа одлични. На здравје. Среќни празници
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови