Универзално тесто
Вака јас го подготвувам тестото од кое после правам пастрмајлии, пици, мекици...
Ептен ми е погодено... )))
Од сите состојки замесувам средно меко тесто. Убаво се изработува, се меси едно 10мин., при што го удирам и од маса.
Се намрсува убаво, се покрива со најлонска фолија и подебела крпа и се остава на топло да го дуплира волуменот.
Штом го дуплира волуменот, го ставам на ладно-во фрижидер за одржување, за да се прекини процесот на надојдување и го оставам преку ноќ.
Другиот ден пред употреба го вадам од фрижидер, 30 мин., да одстои на собна температура.
Значи го вадам од садот во кој стоеше, го делам на два дела, со кратки потези оформувам топки, покривам со најлонската фолија и чекам да поминат 30 мин..
Со раце, а можи малку со помош на оклагија го развлекувам тестото со големината на плехот, на набрашнета подлога.Го ставам во намрсен плех.
А, потоа по желба и вкус го редам....
За пица го печам на 220 степени, а ако ја правам пастрмајлија на 200, месото подобро да се зготви.
Лиценца: Сите права се задржани