Штрудла со афионово семе (јубилеен 200ти рецепт)
Иако на сајтот сум скоро од неговите почетоци, славам скромен јубилеј од 200 рецепти, скромна бројка.
Можеби не толку активна со рецепти, но секогаш будно ги следам сите останати.
Еве еден рецепт за една прекрасна штрудла.
Во 250 мл млако млеко ставете 1 супена лажица шеќер 2 супени лажици брашно и квасецот. Промешајте и оставете да стаса 15 минути.
Во длабок сад ставете го брашното, јајцата, маслото, шеќерот и надојдениот квасец и замесете средно тесто.
Тестото поделете го на две топки и покријте ги со крпа да одстои 45 минути.
За филот
Млекото ставете го да зоврие со шеќерот, а потоа додете го ванилиниот шеќер, мелениот афион и промешајте убаво.
Од едната топка тесто развлечете танка кора и преку неа ставете половина од филот со афион, замоткајте во ролат.
Постапката повторете ја и со другата топка тесто. Готовите ролати ставете ги во тавче обложено со хартија.
Жолчката промешајте ја со маслото и премачкајте ги ролатите.
Печете ги прво на 180 степени 15 минути, а потоа уште 30 минути на 160 степени покриени со фолија за да не изгорат.
Испечени попрскајте ги со млака вода малку и вратете ги во исклучена рерна уште 2-3 минути. Потоа покријте ги со крпа да се излади.
Доколку сакате можете да ги наросите со шеќер во прав.
За овој рецепт потребно е мелен афион меѓутоа јас користев не мелен, како и да е секако вкусот е фантастичен.
Ве поздравувам со надеж и желба за понатамошна дружба.