Тути-Фрути обланда
Шеќерот прелијте го со 700 мл. вода и ставете го да проврие. За тоа време разматете го густинот во 250 мл. студена вода и убаво измешајте го да нема грутчиња, па сипете го во провриениот шеќер. Со постојано мешање варете уште една минута и додадете го лимонтусот. Смесата варете ја додека почне да добива сјај, односно додека забележите дека на дното на тенџерето почнува да се пржи. Во текот на варењето додајте кора од лимон и ванилииот шеќер.
Кога смесата се готова, тргнете ја од оган и додајте ги сечканите суви смокви и ореви. Добро промешајте состојките да се спојат, сипете ја смесата помеѓу две обланди и оставете да се стегне. Можете двете обланди да ги сечете по половина на должина и да филувате на четири слоја.
Стопете ја чоколадата со 2 лажици масло и прелијте ја обландата. Стопете ја и белата чоколада со 1 лажица масло и направете шарки врз црната чоколада. Оставете и глазурата да се стегне и сечете по желба коцки или штангли.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови