Турска чорба
Најпрво се става оризот да се вари со 1 чаша вода и кога е напола варен се трга тенџерето на страна и се додава другата чаша вода, јогуртот, јајцето и брашното кои се претходно измешани со жица за матење. Тенџерото се враќа на рингла на среден оган и постојано се маша додека зоврие без додавање на сол. Кога ќе зоврие се намалува ринглата и се оства да се вари 10 мин со повремено мешање. После 10 мин се проверува дали е оризот варен и тенџерето се трга од оган и се посолува по вкус. Путерот се става да оган да се стопи и кога ќе се стопи се додава 1 мало лажиче црвен пипер и нането свежо или суво и со ова се посипува супата. Може да се јаде и ладна но може малку да се згусти.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови