
Турли тава со мелено месо и печурки
Кромидот ситно се сецка, пиперките и морковите исто така, патлиџаните се лупат и се сецкаат ситно, компирите се сецкат на коцки, модрите патлиџани се лупат и се сецкат на тркалца.
Најпрво се пржи кромидот, кога ќе омекне се додаваат морковите и пиперките и се пржат кратко. Потоа се додава меленото месо, кога убаво ќе се запржи се додаваат излупените и сецкани патлиџани и компирите и се запржуваат и тие. На крај се додаваат модрите патлиџани и печурките, се налева вода и се остава некое време да прокрчка. Зачинете со сол, црн пипер, истурете ја смесата во земјена тава или плех бр. 30, наросете сусам, и печете 30-40 минути на 200 С.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови