24
авг
2015
Туна салата со ѓумбир
Макароните се варат во несолена вода и убаво се цедат. Се плакнат во решетка 2-3 пати додека убаво се одвојат. Се оставаат да се оладат. Повремено при ладењето се промешуваат да не се залепат.
Мајонезот се мати со павлаката и сенфот и се нанесува врз макароните. Убаво се промешува целата маса додека се соедини. Се истура и туната со се зејтинот, се ренда ѓумбирот и се додава сецканиот магдонос. Салатата убаво се меша и се остава да впие, да се соедини околу 2 часа во фрижидер. Може да послужи и како самостоен оброк или како мезе.
Лиценца: Сите права се задржани