Прво сакам да честитам на тимот на Делимано, среќен роденден! Ви посакувам уште многу јубилеи и да не’ радувате со прекрасни производи, кои многу ни помагаат во кујната!
За подлога
Бисквитите и оревите измелете во кујнски сечко. Путерот растопете го.
Во мелените бисквити додајте какао, шеќер во прав, млеко и путер. Промешајте.
Калапот за чизкејк обложете го со најлонска фолија, во неа ставете ја подлогата и оставете во фриждер додека правите фил.
За фил
Во блендер ставете урда, слатка павлака, ванила шеќер во прав и се ‘ заедно изблендирајте.
Филот поделете го на три дела.
Во три филџани ставете по две лажички желатин со 30мл. вода.
За белиот дел белото чоколадо растопете го и истурете во филот. Набабрениот желатин загрејте го, истурете во филот промешајте и истурете врз подлога. Ставете во фриждер да се стегне.
За розовиот дел
Вториот фил: ставете во бледер вишни, овошен јогурт од вишни и стоплен желатин се убаво изблендирајте.
Истурете врз белиот дел.
За третиот фил
Третиот дел од филот ставете во блендер, додајте боровинки, овошен јогурт од боровинки, стоплен желатин и изблендирајте. Истурете врз вториот фил.
Ставете во фриждер да се стегне.
За желе
Желатинот натопете со 50 мл ладна вода.
Сокот од вишни ставете го да зоврие, истурете во него желатин, промешајте.
Желето малку изладете и прелијте со него торта. Ставете во фриждер да се стегне.
Забелешка
Секое парче торта сечете го со натопен нож, за да не се лепи филот врз ножот.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани