Тробоен кокос ролат
Се мешаат сувите состојки и на нив им се додава врелото млеко и растопениот маргарин. Маргарнот можете да го стопите во врелото млеко, не мора да е скрос стопен, доволно е да се подрастопи за да биде омекнат. Смесата убаво се исмесува и се дели на 3 еднакви делови. Едниот оставете го бел, а во другите додадете боја и арома, или пак сите обојте ги, како милувате. Од секоја смеса оформете послаби ролати и спојте ги едно до друго (фото). Оформете го сега целиот ролат компактно.
Во овој рецепт јас додадов на сите три, 1. црна боја и арома мента 2.жолта боја и арома крушка и 3. црвена боја и арома малина.
Ролатот оставете го во фрижидер, добро да се стегни, па сечете на парчиња и служете се, добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
За овој ролат боите дојдоја како германско знаме хаха се скинав од смеа гога си го видов резултатот на крајот :))) имам роднини таму, добра идеја е кога ќе идат или одам малку да се нашалам со нив ;)
Фала и тебе на пофалбите ***