Не секојпат имаме време да замесиме тесто, па затоа корите ни се наоѓаат за вакви брзи и вкусни појадоци.

Подготовка
1. Ја вклучуваме рерната на 180-200 степени да се загрее.
2. Ги промешуваме состојките за премачкување на корите и со силиконска четка премачкуваме една кора. Ја преклопуваме од едната страна, па од другата страна и средишниот дел повторно го премачкуваме.
3. На почетокот ставаме парче кашкавал и салама и почнуваме кората да ја виткаме во триаголник. Ја ставаме во тавче.
Оваа постапка ја повторуваме со сите кори.
4. Ги премачкуваме тригоните со разматено јајце и ги посипуваме со сусам. Ги ставаме да се печат околу 20 минути.

Забелешка
Во оваа доза на кори имаше околу 15 листови тенки кори.
Должината на печењето зависи од рерната што ја имате и како таа ви пече.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани