1. Ги рендаме саламата и кашкавалот заедно во еден сад.
2. Корите ги сечиме на половина во должина.
3. Секоја половина од кората ја попрскуваме со смесата од масло, кисела вода и пециво.
4. Секоја половина ја превиткуваме уште еднаш по должина и на долниот крај ставаме од саламата и кашкавалот. ( види слика )
5. Корите ги превиткуваме така да добиеме триаголници.
6. Печиме во плех на хартија за печење во загреана рерна на 180 степени околу 10-15 минути додека да поруменат.
7. Послужуваме со кечап и оригано и топка павлака на средина ( но јас заборавив да купам )

СОВЕТ
Ова јадење може да биде и посно доколку се направи само со растителен кашкавал. имам пробано и така се вкусни .

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови